- Version
- Преземи 11
- Големина на фајлот 148.91 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање март 3, 2020
- Последна промена август 14, 2022
Пресуда на Апелационен суд Гостивар РОЖ-53/20
„Согласно со чл. 101, ст. 1 и 2 од истиот закон - Работодавачот не смее да го откаже договорот за вработување на работникот за време на бременост, раѓање и родителство, за време на сместување на дете кај посвоител, отсуство од работа за родителство од страна на татко или посвоител на дете и скратено работно време поради грижа за дете со развојни проблеми и посебни образовни потреби и спреченост за нега на дете до тригодишна возраст. Отказот на договорот за вработување е ништовен, доколку на денот на врачувањето на отказот работодавачот бил запознаен со околностите од ставот (1) на овој член или доколку работникот во рок од 15 дена од врачувањето на отказот го извести работодавачот за постоење на околностите од ставот (1) на овој член со доставување на соодветна потврда од овластен лекар или надлежен орган.
Имајќи ги предвид погорецитираните законски одредби, како и имајќи ги предвид изведените докази во текот на постапката, според овој суд, првостепениот суд погрешно го применил материјалното право кога ја донел сега обжалената пресуда бидејќи предметната одлука со која на тужителката ѝ е откажан договорот за вработување е незаконита, со оглед дека во случајов не биле исполнети законските услови предвидени во чл. 82, ст. 1, т. 1 од Законот за работните односи за да може да се донесе ваква одлука.“