Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-1354/17

  • Version
  • Преземи 8
  • Големина на фајлот 179.89 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање мај 22, 2018
  • Последна промена август 13, 2022

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-1354/17

Во постапките кои се водат по поднесена тужба од работник за трансформација на работен однос од определено на неопределено време, судот нема надлежност да донесе одлука со која ќе замени недобиена согласност од Министерството за финансии, која претставува неопходен услов за трансформација на работен однос.

„(...) во конкретниот случај не може да се примени наведената одредба (од чл. 46, ст. 3 од ЗРО) од причина што тужителот не работел кај тужениот со договор за вработување на определено време за да може да се применат одредбите од ЗРО, туку се работи за договор за дело.

(...) за да може да се трансформира работниот однос на неопределено време на лицата ангажирани со договор за дело потребно е да биде добиена согласност за обезбедени финансиски средства од Министерството за финансии, по поднесено барање од институциите. Без добиена согласност за обезбедени финансиски средства од Министерството за финансии не може да се спроведе постапка за пријавување на лицата, односно не може да се трансформира работниот однос.

Во конкретниот случај, од страна на Министерството за финансии не е добиена согласност за обезбедени финансиски средства за трансформација на работниот однос на тужителот, што значи дека и покрај тоа што тужителот ги исполнува законските услови, како и покрај тоа што тужениот побарал согласност од Министерството за финансии за трансформација на работниот однос на тужителот, не може да се реализира постапката за трансформација на работниот однос без исполнување на неопходниот услов – согласноста од Министерството за финансии за обезбеденифинансиски средства.

Судот има надлежност само да утврди дали се или не се исполнети законските услови за реализирање на постапка за трансформација на работниот однос на неопредeлено време, а не може неговата одлука да претставува согласност за трансформација на работниот однос, која ја дава само Министерството за финансии.”

Претходно Решение на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.137/2017
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право