Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-1279/11

  • Version
  • Преземи 2
  • Големина на фајлот 103.60 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање јануари 25, 2012
  • Последна промена август 13, 2022

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-1279/11

„(...) и по оценка на овој суд правилно првостепениот суд утврдил дека тужениот не ја спровел во целост постапката за престанок на работниот однос од деловни причини. Имено, согласно со чл. 76, ст, 1, т. 3 од ЗРО, работодавачот може на работникот да му го откаже договорот за вработување кога не е можно продолжување на работниот однос ако престане потребата од вршење на одредена работа, под условите наведени во договорот за вработување, поради деловни причини. Согласно со чл. 95, ст. 1 од ЗРО, работодавачот за намерата, а најдоцна 30 дена пред донесување одлука за престанок на работниот однос на поголем број работници е должен за причините за престанувањето на потребите од работа на работниците, за предвидениот број и категорија на вишокот работници, за предвидениот рок да го извести репрезентативниот синдикат кај работодавачот, а ако нема таков, преставникот на работниците и да се советува со нив за можните начини за спречување и ублажување на штетните последици. Поаѓајки од напред наведеното, првостепениот суд правилно одлучил кога го усвоил тужбеното барање на тужителот бидејќи тужениот при откажување на договорот за вработување на тужителот не постапил според горенаведените законски одредби, истиот не спровел постапка на реорганизација на работењето и откажување на договорите за вработување од деловни причини и при тоа не го применил ЗРО.

Исто така, при давањето отказ на договорот за вработување од деловни причини, работодавачот е должен да наведе доволно образложени и аргументирани причини поткрепени со анализи и докази од кои со сигурност може да се утврди оправданоста на отказот. Во конкретниот случај, неспорно е дека работодавачот при откажувањето на договорот за вработување на тужителот, односно во оспорената одлука не навел основани причини врз основа на кои се темели основот за давање отказ на договорот за вработување, ниту во текот на постапката доставил доказ од кој би се утврдило дека постоела основана причина за донесување на оспорената одлука.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-1593/11
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право