Кратка Биографија на проф.д-р Александар Ристовски

 

Александар Ристовски (контакт: a.ristovski@pf.ukim.edu.mk) е вонреден професор на Правниот факултет „Јустинијан Први”, Универзитет „Св.Кирил и Методиј” во Скопје. Докторирал на Правниот факултет „Јустинијан Први” – Скопје, во 2015 година на темата „Редефинирање на бинарниот модел на работните односи и регулирање на нестандардната работа”. Одлично го познава и се служи со англискиот јазик, солидно ги познава италијанскиот и германскиот јазик, а разговорно се служи и со францускиот јазик.

Проф.д-р Александар Ристовски е наставник на катедрата по „трудово и социјално право” на Правниот факултет „Јустинијан Први” и учествува во изведувањето на наставната програма на предметите: трудово право (на прв циклус на студии); трудово право – применета програма, социјално осигурување, социјална заштита, меѓународно трудово право, европско трудово право, флексибилност и сигурност на пазарот на труд, индустриски односи, анти-дискриминациско право и право на здравје и безбедност при работа и синдикално право (на втор циклус на студии) и трудово право и социјално осигурување, европско трудово и социјално право, социјална политика и пазар на труд (на трет циклус на студии).

Професор Ристовски, учествувал на бројни домашни и меѓународни конференции, симпозиуми и семинари. Објавил повеќе од 50 научни статии во областа на трудовото и социјалното право во национални и меѓународни часописи и неколку монографии. Во својство на надворешен експерт на Меѓународната организација на трудот (МОТ), Александар Ристовски е автор на повеќе национални студии и анализи во областа на трудовото право.       

Професор Ристовски е член на неколку меѓународни експертски мрежи, помеѓу кои најзначајни се: Европската мрежа на експерти по трудово право (ELLN), Мрежата на експерти по трудово право од Централна и Источна Европа (CEElex) во рамките на Меѓународната организација на трудот, Европскиот Центар за експертиза во областите на трудовото право, вработувањето и политиките на пазарот на труд (ECE) и Мрежата за компаративно службеничко право (CCSN). 

Учествувал во повеќе меѓународни проекти, помеѓу кои позначајни се: „Проектот за редифинирање на трудовото право во Европа” (проект во рамките на групата на експерти во ELLN) и „IMPULS – Проектот за реструктурирање на друштвата и правото на ЕУ” (проект поддржан од Австриската агенција за меѓународна соработка во образованието и истражувањата / OAED).

Во моментов, професор Ристовски ја извршува функцијата потпретседател на Здружението за трудово и социјално право на Северна Македонија.

Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право