д-р Орде Ѓорѓиоски
Директор на правни и општи работи на П.И. „Витаминка“ АД Прилеп
Орде Ѓорѓиоски (контакт: gorgioski.orde@gmail.com ) е Директор на секторот за правни и општи работи во „Витаминка“ а.д. Прилеп. Докторирал на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје, во 2016 година, на тема „Потребата од законска уреденост на спречување на задоцнетите плаќања во деловните трансакции, во споредбеното и домашното право – отворени прашања и перспективи“. Втората докторска дисертација ја одбранил на Економскиот факултет – Прилеп, во 2020 година, на тема „Стратегиски пристап во креирањето систем за наградување при менаџирањето со човечките ресурси во акционерските друштва со производна дејност“. Има положено правосуден испит, нотарски испит и испит за застапници од областа на индустриската сопственост. Активно се служи со англискиот јазик.
Вработен е во Прехранбена индустрија „Витаминка“ а.д. Прилеп, каде што, од 2013 година е дел од врвниот менаџмент на друштвото. Задолжен е за сите прашања поврзани со корпоративното управување, трудово-правната област, како и сите други области на правото, вклучително и судското застапување, како и стандардизациите, животната средина, општите работи на организација и слично. Д-р Орде Ѓорѓиоски учествувал на бројни домашни и меѓународни конференции, семинари и работилници. Има објавено повеќе од 20 статии од областа на правото и менаџментот. Автор е на книгата Креирање систем за наградување менаџери и вработени. Бил член на телата на Здружението на правници на Македонија. Член е на телата на Организацијата на работодавачи на Македонија, член е на надзорниот одбор на „Пакомак“ доо Скопје, член е на одредени работни тела во рамките на AmCham, претседател е на дисциплинска комисија на Џудо Федерација на С. Македонија, еден од основачите на женскиот ракометен клуб Деспина Прилеп, основач на Здружение Европски центар за претприемништво и едукација Битола, еден од основачите на Македонското здружение за трудово и социјално право, член на ИСЛАА, почесен член на НАПАГ, член на Ротари клубот Прилеп, член на Одборот за соработка и доверба со јавноста на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје. Поседува Сертификат од Претседателот на Републиката за најдобар оратор во рамките на Школата за млади лидери одржана во август 2010 година во Охрид.