Во периодот 9-10 мај, 2023 година, во рамки на мрежата CEElex, се одржа годишната конференција на експерти по трудово право од Централна и Источна Европа под насловот „Претставници на работниците: пополнување празнина во заштитата на трудовите права или конкуренција на синдикатите?”. Овогодинешната Конференција се одржа во Љубљана (Словенија) и на неа, учество зедоа универзитетски професори од повеќе Европски земји, како и релевантни претставници на Меѓународната Организација на Трудот.
На конференцијата беа презентирани националните извештаи на претставниците од Македонија, Црна Гора, Литванија, Молдавија, Босна и Херцеговина, Словенија, Романија, Бугарија, Словачка, Грција и Унгарија.
Агендата од годишната конференција на CEElex може да се превземе овде.