Меѓународна Конференција на Здружението за трудово и социјално право на Република Србија во Златибор

Здружението за трудово и социјално право на Р.С.Македонија објавува дека на последниот регионален настан во областа на трудовото и социјалното право, одржан од 08.10.2025 до 11.10.2025 година во Златибор, Република Србија, претставија ко-авторски труд Проф. Д-р Тодор Каламатиев, редовен професор на Правен Факултет „Јустинијан Први“ во Скопје и Претседател на Здружението за Трудово и Социјално Право на Р.С.Македонија, и м-р Никола Мурџев, докторанд на Правен Факултет „Јустинијан Први“ во Скопје.

Настанот насловен „Трудовото право во новите околности: Предизвици и Решенија“, беше организиран од страна на Здружението за трудово и социјално право на Република Србија, на кое учествуваа над 80 стручно квалификувани експерти во областа на трудовото право од регионот, кои ги претставија теоретските и практичните аспекти на развојот на трудовото право.

Во рамките на настанот беше презентиран научниот труд под наслов „The Notion of AI Literacy in the Context of Employment“, што претставува значаен придонес во сферата на технологијата и работните односи. Презентацијата на овој труд привлече голем интерес и иницира дискусии за важноста на дигиталната писменост и примената на вештачката интелигенција во работната средина. Авторите посветено продолжуваат да придонесуваат за развојот на научната заедница и за збогатување на научната литература во областа на трудовото право и технологијата.

Претходно Средби на трипартитната работна група за подготовка на нацрт Закон за спречување на насилството и вознемирувањето на работното место
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право