- Version
- Преземи 13
- Големина на фајлот 218.38 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање јуни 27, 2018
- Последна промена август 1, 2022
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-453/17
„(...) кога работодавачот го откажува договорот за вработување, во својата одлука е должен да го наведе основот за откажување на договорот за вработување и во истата да го образложи откажувањето на договорот за вработување, односно да наведе на кој начин, со кои дејствија, во кој временски период и слично работникот сторил повреда на работниот ред и дисциплина.
Тужениот донел решение бр.1674 од 16.12.2009 година врз основа на чл. 79, чл. 80, чл. 81 од ЗРО и чл. 47.4-а од Правилникот за уредување на правата, обврските и одговорностите на работниците кај тужениот.
Видно од содржината на решението, овој суд најде дека во образложението на истото се наведува само дека тужителот неоправдано отсуствувал од работа повеќе од 5 дена со прекинување на една календарска година, отсуствувал од работа и во текот од 48 часа не го известил неговиот работодавач, дека често ги повторувал грешките кои оневозможуваат нормално продолжување на работата, не ги почитувал работниот ред и дисциплина според правилата пропишани од страна на работодавачот, не ги извршувал или несовесно, ненавремно ги извршувал работните обврски, не се придржувал кон прописите што важат за вршење на работите на работното место и не побарал отсуство и навремно писмено не го известил работодавачот за отсуството.
Предвид наведеното, овој суд најде дека одлуката за отказ на договорот за вработување не е правилна и не е донесена согласно со чл. 72 и чл. 74 од ЗРО, не ги содржи елементите за откажување на договорот за вработување, не го содржи основот за отказот утврден со закон и Правилникот за уредување на правата, обврските и одговорностите на работниците кај тужениот. Со оглед дека не ја докажа основаноста на причината која го оправдува отказот, предметното решение за престанок на работен однос е незаконито.”