Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-468/16

  • Version
  • Преземи 4
  • Големина на фајлот 196.83 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање февруари 8, 2017
  • Последна промена август 14, 2022

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-468/16

„(...) Оттука, произлегува дека работниот однос на тужителот кај тужениот (...) трае повеќе од пет години непрекинато, односно трае повеќе од 7 години, како и дека тужителот за целиот овој период, во континуитет, работи на истото работно место – наставник по информатика и програмирање, односно дека истиот ги исполнил условите за трансформација на работниот однос уште во текот на 2011 и 2012 година.

(...) тужителот во целост го исполнува условот утврден во цитираниот чл. 46 од ЗРО, односно истиот продолжил да работи кај тужениот по истекот на рокот од ст. 1 на овој член, односно по истек на рокот од 5 години, за кој може да биде склучен договор за вработување на определено време, се работи за работно место кое било ослободено по основ на пензионирање пред повеќе години – старо финансирање, обезбедени финансиски средства, како и дека имало трајна потреба од работник.

Од друга страна, (...) произлегува дека тужителот ги исполнува и посебните услови за засновање работен однос во основното образование утврдени во чл. 80 од Законот за основно образование, со што се исполнува и условот од претходно цитираниот чл. 46 од ЗРО, трансформацијата на работниот однос да биде под услови и на начин утврдени со закон, односно истиот има соодветно високо образование, има завршено соодветна дополнителна педагошка доквалификација и има положено стручен испит.

(...) во конкретниот случај, не постои ниту една законска одредба, односно услов предвиден во истата, кој работникот не го исполнува и кој би бил пречка за трансформација на неговиот работен однос.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-1207/15
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право