Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-404/15

  • Version
  • Преземи 2
  • Големина на фајлот 558.02 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање ноември 15, 2015
  • Последна промена август 14, 2022

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-404/15

„Предмет на оценка на овој суд беа жалбените наводи за тоа дека согласно со Општиот колективниот договор за приватниот сектор од областа на стопанството, предвидена e исплата на отпремнина во двократен износ од основицата, а пак, согласно со колективниот договор на тужениот, се предвидува исплата на трикратен износ, па на основа на тоа помеѓу странките било договорено тужителот да ја повлече тужбата, а тужениот да ја исплаќа отпремнината на рати, поради што и тужениот не се јавувал на расправа пред судот, сметајќи дека тужителот ќе ја повлече тужбата.

Овој суд ги ценеше ваквите жалбени наводи, но смета дека се неосновани.

Според чл. 35, ст. 2, т. 6 од Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството во РМ, покрај надоместоците од ст. 1 на овој член, согласно со колективен договор, се исплатува надомест и при заминување во пензија, најмалку двократен износ од основицата. Согласно со ст. 3 од истиот член, основицата за пресметување на надоместоците на работниците претставува просечна месечна нето-плата по работник во РМ, исплатена во последните три месеци.

Според чл. 89, ст. 1 од Колективниот договор на тужениот, работникот има право на надоместоци и други примања утврдени со овој договор. Според ст. 2 од истиот член, основицата за пресметување на надоместоците и други примања на работниците претставува просечната месечна нето-плата во РМ, исплатена во последните три месеци. Според ст. 3, т. 4 од истиот член, висината на одделните примања се утврдува во процент од основицата, и тоа трикратен износ од основицата при заминување во пензија.

(...) првостепениот суд правилно постапил кога го усвоил тужбеното барање и ја задолжил тужената да му исплати на тужителот по основ на неисплатена отпремнина при одење во пензија сума во износ од 64.068,00 ден., со опишаната законска казнена камата, а ова од причина што иако тужителот ги исполнил условите за пензионирање, тужената не му исплатила трикратен износ на име отпремнина пресметан врз основа на просечната месечна нето-плата по работник во Републиката објавена до денот на исплатата, како нејзина законска обврска утврдена како во Законот за работните односи, така и во колективниот договор. Според овој суд, жалбениот навод дека помеѓу странките се договарало тужителот да ја повлече тужбата е ирелевантен во конкретниот случај со оглед на тоа што до заклучување на главната расправа тужителот такво нешто не сторил.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-172/15
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право