Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-375/18

  • Version
  • Преземи 4
  • Големина на фајлот 179.11 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање јули 11, 2018
  • Последна промена август 14, 2022

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-375/18

Тужбата е недозволена согласно со чл. 181 од ЗРО доколку тужителот го пропуштил рокот предвиден со закон за поднесување приговор и не побарал правна заштита пред работодавачот. Без влијание врз дозволеноста на тужбата е околноста што со правосилна кривична пресуда е утврдено дека спогодбата за раскинување на договорот за вработување е употребена како исправа со невистинита содржина пред надлежен орган и тужениот  е огласен за виновен за кривично дело. Станува збор за работен спор и се применува ЗРО, а не за спор според ЗОО. Тужба за утврдување може да се поднесе кога е предвидено со посебни прописи, а во конкретниот случај, ЗРО не предвидува такво право.

„(...) со Спогодба за раскинување на договор за вработување бр.02-044 од 30.4.2015 година на тужителката ѝ престанал работниот однос на ден 30.4.2015 година. На спогодбата е напишан денот на престанокот на работниот однос и истата има потпис и печат на тужениот како работодавач и потпис на тужителката.

Тужителката на ден 19.5.2015 година до ОЈО В. поднела кривична пријава против тужениот за кривично дело употреба на исправа со невистинита содржина од чл. 380, ст. 1 од КЗ, врз основа на која пред Основен суд Велес е поведена постапка К бр.116/16. По завршување на постапката била донесена правосилна пресуда К бр.116/16 со која е утврдено дека тужениот и одговорното лице на тужениот, С. К., како генерален директор сториле кривично дело употреба на исправа со невистинита содржина од чл. 380, ст. 1 од КЗ затоа што Спогодбата за раскинување на договор за вработување бр.02-044 од 30.4.2015 година ја приложиле пред надлежен орган АВРМ на РМ заради одјава на тужителката и покрај што знаеле дека тоа не е вистина, односно дека тужителката не дала согласност да ѝ престане работниот однос, ниту пак истата своерачно ги запишала соодветните податоци кои согласно со одредбите од ЗРО задолжително и своерачно ги запишува работникот при склучување на Спогодба за раскинување на договор за вработување.

Во конкретниот случај се работи за повреда на право од работен однос во смисла на одредбата од чл. 181 од ЗРО.

(...) тужителката пред поднесување на предметната тужба не побарала претходна заштита на своето право за кое смета дека ѝ е повредено со определено сторување или несторување од работодавачот, пред работодавачот, односно надлежниот второстепен орган кај работодавачот, за да истата се стекне со правото, доколку не е задоволна од одлуката на второстепениот орган, да бара заштита на своето повредено право пред надлежниот суд. При состојба кога тужителката не остварила претходна заштита на своето право пред работодавачот, и по оценка на овој суд правилно првостепениот суд постапил кога ја отфрлил како недозволена тужбата на тужителката. Ова дотолку повеќе што тужба за утврдување може да се поднесе кога со посебни прописи е предвидено, а во конкретниот случај, Законот за работните односи не предвидува такво право.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-1716/17
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право