- Version
- Преземи 3
- Големина на фајлот 134.84 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање април 16, 2015
- Последна промена август 14, 2022
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-614/14
„(...) тужителот не ги преземал сите потребни безбедносни мерки за успешен спровод на обвинетата О. на начин што на ден 5.5.2010 г. ја спровел обвинетата до Клиниката за неврологија без лисици на рацете и ја оставил сама да чека во чекалната, а тој излегол надвор со што дозволил, односно овозможил обвинетото лице О. Ј. да изврши бегство во непознат правец. Со наведените дејствија тужителот постапил спротивно на одредбата од чл. 81, ст. 1, т. 1, 2 и 3 од ЗРО и чл. 9, ал. З и (...) од Правилникот за начинот на вршењето на службата за обезбедување, вооружување и опремата во казнено-поправните установи и воспитно-поправните домови.
(...) против тужителот била поднесена пријава (...) за сторена повреда на работните обврски и истиот ден било поднесено барање за поведување дисциплинска постапка против него (...). Предметното решение со коешто на тужителот му бил изречен престанок на работниот однос со отказ со отказен рок во траење од 1 месец било донесено на 26.5.2010 г., од што јасно произлегува дека решението за отказ (...) од 26.5.2010 г. е навремено, односно не е поминат рокот од чл. 94 од ЗРО за давање отказ на договорот за вработување.
Согласно со наведеното, во услови кога тужителот не ги преземал сите потребни безбедносни мерки за успешен спровод и дозволил осудено лице да изврши бегство во непознат правец, дотолку повеќе што тужителот и покрај тоа што можел да знае за последиците, ја оставил осуденичката без никаков надзор и го напуштил одделот за неврологија, и по оценка на овој суд правилно првостепениот суд го одбил како неосновано тужбеното барање на тужителот за поништување на решението за отказ на договорот за вработување.”