- Version
- Преземи 10
- Големина на фајлот 442.77 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање декември 28, 2016
- Последна промена август 14, 2022
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-314/16
„(...) правилно првостепениот суд одлучил кога го задолжил тужениот да му плати на тужителот на име надомест на штета од незаконитиот престанок на работниот однос на име неисплатени плати со законска казнена камата и придонеси за ПИО, придонеси за здравствено осигурување, за дополнително здравствено осигурување, за вработување и за персонален данок.
Неоснован е жалбениот навод на тужителот дека судот утврдил дека тужителот немал право на делот од плата во износ од по 25.000.00 денари месечно за месеците за кои бил незаконски отстранет од работа, од причина што овој додаток тужениот му го исплатувал како месечен додаток, но по претходно донесено поединечно решение од директорот за секој месец, а и овој додаток не се однесува за периодот во кој траел престанокот на работниот однос на тужителот и овој додаток не претставува изгубена заработувачка на тужителот како основ за исплата на штета од незаконит престанок на работен однос, од причина што директорот кај тужениот имал дискреционо право.”