- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 795.77 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање јуни 7, 2017
- Последна промена август 14, 2022
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-559/17
„(...) Во конкретниот случај, факт е дека тужителот бил ангажиран за работа подолга од полното работно време на барање на работодавачот. Постоењето на писмена наредба од страна на непосредниот старешина во организационата единица во која работи тужителот е ирелевантно, бидејќи неспорно е утврдено дека тужителот работел прекувремено врз основа на работната евиденција на тужениот за одработени прекувремени часови, и тоа врз основа на месечни распореди за работа, односно од работната евиденција на тужениот. Имено, тужителот бил должен на барање на работодавачот да врши работа преку полното работно време, без разлика дали за тоа постои писмена наредба. Дали е издадена наредба во писмена форма, дали при издавање на наредбата се имале предвид законските одредби кои го ограничуваат или на друг начин го регулираат обемот и постапката за работа подолга од полното работно време и дали правилно биле евидентирани реализираните часови прекувремена работа и пополнети месечните списоци за евиденција на работните часови, се прашања од организациона природа на тужениот, но во секој случај, тужителот е должен да ги извршува работите и задачите со кои е задолжен, особено и со оглед дека во Законот за полиција не е прецизирано во каква форма треба да биде издадена наредбата на непосредниот раководен полициски службеник до полицискиот службеник за извршување полициски работи подолго од полното работно време.”