Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-559/17

  • Version
  • Преземи 12
  • Големина на фајлот 795.77 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање јуни 7, 2017
  • Последна промена август 14, 2022

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-559/17

„(...) oстварувањето на правото на тужителот за исплата на додаток за прекувремена работа не е условено и не зависи од тоа дали за таа намена се обезбедени средства во Буџетот на Република Македонија, бидејќи се работи за право од работен однос на работникот утврдено во ЗРО, Законот за полиција и Колективниот договор на МВР, кое работодавачот е должен да го почитува и да му исплати паричен надоместок, во случај кога работникот по наредба на непосредниот раководен полициски службеник, вршел работа преку полното работно време. Во конкретниот случај, факт е дека тужителот бил ангажиран за работа подолга од полното работно време на барање на работодавачот. Постоењето на писмена наредба од страна на непосредниот старешина во организационата единица во која работи тужителот е ирелевантно, бидејќи неспорно е утврдено дека тужителот работел прекувремено врз основа на работната евиденција на тужениот за одработени прекувремени часови, и тоа врз основа на месечни распореди за работа, односно од работната евиденција на тужениот. Имено, тужителот бил должен на барање на работодавачот да врши работа преку полното работно време, без разлика дали за тоа постои писмена наредба. Дали е издадена наредба во писмена форма, дали при издавање на наредбата се имале предвид законските одредби кои го ограничуваат или на друг начин го регулираат обемот и постапката за работа подолга од полното работно време и дали правилно биле евидентирани реализираните часови прекувремена работа и пополнети месечните списоци за евиденција на работните часови, се прашања од организациона природа на тужениот, но во секој случај, тужителот е должен да ги извршува работите и задачите со кои е задолжен, особено и со оглед дека во Законот за полиција не е прецизирано во каква форма треба да биде издадена наредбата на непосредниот раководен полициски службеник до полицискиот службеник за извршување полициски работи подолго од полното работно време. (...) правото на тужителот за исплата на додаток за прекувремена работа не е условено со претходно негово барање да му бидат обезбедени слободни денови. Тужениот е должен додатокот на плата за прекувремена работа да му го исплати на тужителот, а само со согласност на работникот, е предвидено дека наместо зголемување на платата, може да се определи истиот да користи слободни денови. Тужениот не приложил докази дека наместо зголемување на платата, тужителот користел слободни денови, а ниту такво нешто е утврдено при увидот во документацијата на тужениот од страна на вештото лице.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-559/17
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право