- Version
- Преземи 6
- Големина на фајлот 532.34 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање март 20, 2018
- Последна промена декември 27, 2022
Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-1090/17
(...) „Согласно член 141 од Закон за облигациони односи, тој што со вина ќе му причини штета на друг должен е истата да му ја надомести, а за штета причинета од предмети или дејности од кои произлегува зголемена опасност од штета за околината, се одговара без оглед на вината. Согласно член 142 од ЗОО, штетата е намалување на нечиј имот (обична штета) и спречување на негово зголемување (испуштена корист), како и повреда на личните права (нематеријална штета).
Согласно член 160 од истиот закон, за штета од опасен предмет одговара неговиот имател, а за штета од опасна дејност одговара лицето кое се занимава со неа.
Согласно член 189 од ЗОО, во случај на повреда на личните права, судот, ако најде дека тежината на повредата и околностите на случајот го оправдуваат тоа, ќе досуди справедлив паричен надоместок, независно од надоместокот на материјална штета, како и во нејзино отсуство, а при одлучувањето за барањето за справедлив паричен надоместок судот ќе води сметка за силината и траењето на повредата со која биле предизвикани физички болки, душевни болки и страв, како и за целта за која служи надоместокот, но и за тоа надоместокот да не е во спротивност со стремежите кои не се спојливи со неговата природа и општествената цел.”