Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-551/17

  • Version
  • Преземи 1
  • Големина на фајлот 415.57 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање септември 19, 2017
  • Последна промена декември 27, 2022

Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-551/17

(...) „За да постои одговорност за надомест на штета треба да бидат исполнети одредени услови, а тоа е постоење на субјекти на облигационо правниот однос, штета, штетно дејствие и причинска врска која го поврзува штетното дејствие и штетата, а основот за одговорноста може да биде субјективна одговорност или постоење на предмет или дејност од кој произлегува зголемена опасност од штета за околината. Одговорноста за настанатата штета ја сноси лицето кое ја предизвикало штетата, меѓутоа причината за која штетникот одговора не настапува сама туку во неа учествуваат и други околности кои се подобни за да предизвикаат настанување на штета. Договорот за вработување склучен помеѓу рабтодавачот и работникот предвидени се работните обврски на работникот меѓу кои и да помага во организирањето, координирањето со целокупното работење на погонот, ги спроведува динамичките планови за производство во погонот а согласно потребите на објектите и требовањата во организационите единици, помага во евиденција и во обезбедување на материјалните потреби за работата на погонот. Со тоа што во описот на работото место е предвидено дека помага во евиденција и во обезбедување наматеријалните потреби за работа на погонот не значи дека треба да го обезбедува објектот. Од вака изведените докази јасно произлегува дека не може да се утврди количината на горивото која била во резервоарот пред извршениот попис и после тоа, нити пак работникот има вина за причинување на штета за да може да одговара за истата, дотолку повеќе што по описот на работните задачи кои ги извршувал немал обврска да го обезбедува објектот, туку тоа го правела Агенција за обезбедување. Од цистерната многу лесно можело да се извади горивото, меѓутоа за тоа нема вина работникот, туку на работодавецот кој цистерната не ја обезбедил согласно соодветните технички стандарди, а Агенцијата за обезбедување не го обезбедила соодветно имотот на тужителот.”

Претходно Решение на Aпелационен суд Битола РОЖ-593/17
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право