Решение на Апелационен суд Битола РОЖ-707/18

  • Version
  • Преземи 6
  • Големина на фајлот 1.13 MB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање декември 12, 2018
  • Последна промена декември 29, 2022

Решение на Апелационен суд Битола РОЖ-707/18

(...) „Согласно член 68 став 2 од Колективниот договор кај работодавачот, ако работодавачот прима сезонски работници во тековната година повеќе од 8% од вкупниот број на вработени во друштвото, не смее да прогласува вишок од деловни причини. Што значи дека со оваа одредба прогласувањето на технолошки вишок е условено со бројот на вработени сезонски работници во годината во која се прогласува технолошкиот вишок.

Првостепениот суд утврдеува дека, работодавачот во спорниот период имал вработено односно ангажирано 55 сезонски работници врз основа на договор за вработување преку Агенција за привремени вработувања. Овој факт произлегувал од списокот за сезонски работници ангажирани кај работодавачот, како и исказите на сведоците. Меѓутоа, во жалбата на работодавачот се укажува дека списокот на сезонски работници на кој се повикува првостепениот суд и од кој го утврдува фактот за сезонски вработувања кај работодавачот не може да се смета за веродостоен доказ за утврдување на овој факт, бидејќи истиот не е потврден од страна на работодавачот или овластен субјект надлежен за вработување и истиот не е поткрепен со соодветни договори за вработување за вршење на сезонски работи во смисла на член 47 од Законот за работни односи, па оттука се поставува прашањето  дали наведените работници во овој список биле сезонски работници во смисла на горенаведената одредба.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-1167/18
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право