Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-633/14

  • Version
  • Преземи 2
  • Големина на фајлот 536.72 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање октомври 14, 2015
  • Последна промена август 5, 2023

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-633/14

„Според горе цитираните законски одредби произлегува дека кога работодавачот го откажува договорот за вработување во својата одлука е должен да го наведе основот за откажување на договорот за вработување и во истата да го образложи откажувањето на договорот за вработување, односно да наведе на кој начин, со кои дејствија, во кој временски период и слично работникот сторил повреда на работниот ред и дисциплина, па како видно од содржината на одлуката истата нема прецизиран основ за откажување на договорот за вработување, нема образложение на основот и причините за откажување на договорот за вработување кое го оправдува отказот кое нешто е од суштествено значење при давањето на отказот, односно изнесените причини со одлуката дека се дава престанок на работниот однос поради тоа што работникот го има прекршено чл. 10 од Договорот за вработување и тоа: 1. не го почитува работниот ред и дисциплина според правилата пропишани од страна на работодавачот, 2. Не побара отсуство или навремено писмено не го извести работодавачот за отсуство од работа, 3. поради болест или други причини отсуствува од работа, а за тоа во рок од 48 часа писмено не го извести работодавачот, 4. неоправдано изостане од работа три последователни работни дена или пет работни дена во текот на една година, 5. оддаде деловна, службена или државна тајна, не е доволна причина за образложение за дадениот отказ за да му се прифати дека одлуката е законита, а доколку повеќе што согласно со товарот на докажување обврска е на тужениот да докаже дека тужителката ја сторила повредата која ѝ се става на товар (...).”

Барањето на тужителката да се задолжи тужениот да ја врати тужителката на работа со сите права кои произлегуваат од работен однос сметано од денот на донесување на одлуката за престанок до правосилноста на пресудата, овој суд го одби како неосновано од причина што согласно со законските одредби од ЗРО, судот има законско право доколку е повредена постапка и слично судот може да одлучи само да го врати работникот на работа на работно место соодветно на неговата стручна подготовка, а не и да наложува работникот да се врати на работа со сите права кои произлегуваат од работен однос сметано од денот на донесување на одлуката за престанок до правосилноста на пресудата.”

Претходно Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.103/2015
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право