- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 499.36 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање мај 13, 2015
- Последна промена август 5, 2023
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-612/14
„(...) недостасувањето на писмено известување за причините за отсуство од работа, повлекува повреда на работниот ред и дисциплина и може да доведе до отказ.
(...) во конкретниот случај предмет на спор е откажување на договорот за вработување на тужителката поради неоправдано остуство од работа три последователни дена согласно со одредбата од чл. 82, ст. 1, т. 1 од ЗРО, па во случајот битно е дали тужителката – работникот го оправдал своето отсуство за овие денови.
Имено, по наоѓање на овој суд правилно првостепениот суд врз основа на детална анализа на секој доказ предложен од страна на тужителот и тужениот, како и од исказите на сведоците правилно утврдил дека по овој основ на тужителката не може да ѝ престане работниот однос бидејќи се работи за континуирана отсутност на тужителката, односно истата не била на работа заради ризична бременост, потоа заради болест, користела годишен одмор и повторно заради нарушено здравје заминала на боледување.
Видно од извештајот за привремена спрченост од работа бр.1333/12 од 26.03.2012 година произлегува дека тужителката од 12.03.2012 година до 26.03.2012 година била на боледување кој извештај за привремена спреченост е издаден од лекар на тужителката со сите податоци, кој извештај за привремена спреченост тужениот го примил кое нешто е неспорно.
Па оттука, во услови кога тужителката доставила уредно боледување за спорниот период на кој начин го известила тужениот дека ќе биде отсутна од работа, произлегува дека истата го има оправдано своето отсуство од работа, што значи дека истата не ги прекршила работниот ред и дисциплина, односно произлегува дека во конкретниот случај не се исполнети законските услови од чл. 82, ст. 1, т. 1 од ЗРО и се работи за незаконит престанок на работен однос.”