- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 319.66 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање април 17, 2012
- Последна промена август 5, 2023
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-1630/11
„Одлуката за откажување на договорот за вработување со отказен рок бр.04- 19191/1 од 03.12.2009 година е донесена во законита постапка согласно законските прописи и КД на тужениот, договорот за вработување и функционалниот опис бр. 6, односно согласно чл. 79, 81, 85 и 86 од ЗРО и чл. 129 од КД на тужениот поради тоа што тужителот како работник кај тужениот сторил повреда на работниот ред и дисциплина и неисполнување на работните обврски – вршење нерегуларни промени на броила и инсталирање на нови броила на Е. во матичната евиденција без соодветна документација, без работен налог кај клиенти кој немале платено надомест за приклучок на дистрибутивна мрежа и кои во системот се внесени како регуларни потрошувачи и биле доставувани обрасци НМ1 за замена на броила. Ваквите повреди биле констатирани кај потрошувачите каде што е вршена нерегуларна промена на податоци во матичната евиденција, а од страна на извршена контрола на Одделот за внатрешна ревизија. Оттука, произлегува дека тужителот подолго време континуирано, несовесно, нерегуларно и неквалитетно ги вршел работните задачи и постапил спротивно на чл. 30, ст. 1, чл. 31 и чл. 34 од ЗРО, чл. 16, ст. 1, т. 1 и 2 од КД на тужениот и чл. 7, ст. 1, т. 1 и 3 од Договорот за вработување и функционалниот опис бр. 6, а со тоа и му нанел штета на тужениот. Исто така, видно од функционалниот опис на групата служба за корисници за вработените бр. 6, односно опис на работното место на тужителот е дека истиот на ден 30.04.2009 година го примил што значи дека бил запознат со своите работни задачи и обврски. Според наведеното, правилно првостепениот суд одлучил кога го одбил како неосновано тужбеното барање на тужителот за поништување на одлуката бр.04-19191/1 од 03.12.2009 година.”