Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-289/14

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 490.00 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање мај 13, 2015
  • Последна промена август 5, 2023

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-289/14

„(...) тужителот бил запознаен со теренот каде што требало да ја извршува работната задача, како и бил запознаен со работните задачи и работните обврски. Во конкретниот случај тужителот при извршувањето на работните задачи како отчитувач на броила, несовесно ги извршувал работните обврски на начин што не ги отчитувал броилата на потрошувачите и несоодветно внесувал КВ2 кодови за месец јули 2012 година.

(...) тужителот бил запознаен со начинот на работа и истиот претходно одржувал обуки за начин на работа и му било доставено Известување на работни задачи и притоа тужителот бил запознаен со теренот каде ќе работи и тоа 50% од теренот му бил познат, а другиот дел му бил покажан од страна на координаторот и од страна на друг вработен кај тужениот. Имено, кодот којшто го внесувал тужителот на спорните броила, КВ код 20 не смеело да се стави додека не се стигне до мерното место на недостапни броила, меѓутоа тужителот овој код го ставал на броила коишто се достапни, односно на броила кои се наоѓаат надвор од куќата на ѕидот или, пак, на самиот пат. Пред донесувањето на Одлуката за престанок на работниот однос, против тужителот биле поведени повеќе дисциплински постапки поради несовесно извршување на работните обврски, биле поднесени повеќе пријави, како и биле поднесени поплаки од страна на потрошувачите, по кои постапки од страна на тужениот му биле изречени соодветни дисциплински мерки, меѓутоа тужителот продолжил со несовесно извршување на работните обврски. Имајќи го предвид наведеното и по оценка на овој суд, правилно првостепениот суд утврдил дека Одлуката за откажување на договорот за вработување на тужителот бр.04-7312/4 од 29.08.2012 година донесена од Управниот одбор на тужениот е правилна и законита.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-612/14
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право