Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-123/12

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 334.91 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање октомври 24, 2012
  • Последна промена август 6, 2023

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-123/12

„(...) одлуката за откажување на договорот за вработување е донесена на 18.05.2010 година, а синдикатот бил известен на 25.05.2010 година што значи во рок од 30 дена тужениот уредно го известил репрезентативниот синдикат за причините на престанокот на потребата од работа на работниците во смисла на чл. 95 од ЗРО. Од доказите изведени во текот на постапката, првостепениот суд правилно утврдил дека одлуката за отказ е донесена во законито спроведена постапка од страна на тужениот поради состојбата на финансиските проблеми и намалениот обем на работа кај тужениот, за што била изготвена програма, уредно бил известен синдикатот, од страна на тужениот била донесена и одлука со која ги известил вработените за преземање на мерките со укинување на работните места и намалување на бројот на извршители, донел одлука со која ги известил работниците на кој од нив ќе им престане работниот однос со отказ од деловни причини и изготвил поединечни одлуки за престанок на работниот однос на секој работник и ја известил Агенцијата за вработување. Тоа значи дека тужениот во целост постапил согласно ЗРО, уредно ја донел и одлуката за измена на Правилникот за внатрешна систематизација и изготвил нов Правилник за внатрешна систематизација во која било наведено дека се укинува работното место на тужителката и истото повеќе не постои, а со самото укинување на работното место тужениот немал обврска да врши бодирање на тужителката пред донесување на одлуката за отказ на договорот за вработување. Според тоа, правилно одлучил првостепениот суд кога го одбил како неосновано тужбеното барање на тужителката согласно чл. 76, 95 и 97 од ЗРО.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-1379/12
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право