Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-132/16

  • Version
  • Преземи 2
  • Големина на фајлот 657.64 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање декември 1, 2016
  • Последна промена август 6, 2023

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-132/16

„Во конкретниот случај, се работи за надомест на штета. Согласно со законската одредба од чл. 156, ст. 1 од ЗРО која го регулира предметното правно прашање произлегува дека за да може да се бара штета од работникот потребно е истиот во текот на работата или во врска со работа да предизвика штета на работодавачот со намера или со крајно невнимание на начин што да преземе одредено дејствие со што би настанала штетата на работодавачот, односно да има утврдено вина на страна на работникот. (...)

Со оглед да од доказите изведени во текот на постапката, произлегува дека покрај тужената и други вработени земале парични средства од дневниот промет во продавницата, при што зад секоја фискална сметка за дневните извештаи ставале листови хартија на кои биле запишани имињата на вработените кои зеле пари и колку должат, а листовите кои сведокот Г. Т. навела дека ѝ ги предала на законската застапничка на тужителот, истите не се предложени и доставни како доказ во постапката, а уште повеќе што тие не гласеле само на тужената, туку и на други вработени кое нешто се потврдува од исказите на сведоците, а од друга страна тужителот не доставил ни доказ дека спровел интерна постапка за утврдување на висината на штетата и кој од вработените ја причинил, односно колку земал и колку вратил и што останало невратено, правилно првостепениот суд заклучил дека во конкретниот случај не се исполнети законските улови од одредбата од чл. 156 од ЗРО.

Имајќи го предвид наведеното, во услови кога тужителот во текот на постапката не докажал дека штетата со сигурност ја предизвикала тужената, туку истиот ја побарува од неа само затоа што другите вработени неа ја посочиле, правилно првостепениот суд прифатил дека во конкретната правна работа не е докажана причинско-последичната врска помеѓу дејствијата на тужената и настаната штета на тужителот за да може да се бара надомест на штета.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-1597/15
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право