- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 318.25 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање мај 31, 2017
- Последна промена август 6, 2023
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-837/16
„По констатираниот кусок, тужителот донел одлука за надомест на штета бр.0402-1806 од 16.07.2015 година со која била утврдена висината на штетата во износ од 419.515,00 денари, а која штета требало да ја надоместат повеќе вработени во маркетот кои имале пристап до производите, бидејќи било невозможно да се утврди кој ја причинил штетата.
Потоа, тужителот по донесувањето на одлуката за надомест на штетата донел одлука за парична казна бр.0402-1869 од 30.07.2015 година со која на сите вработени им била изречена парична казна за причинетата материјална штета во вкупен износ од 419.515,00 денари, а со која биле задолжени сите да ја надоместат штетата во еднакви делови во износ од по 18.240,00 денари меѓу кои била и сега тужената, а која одлука за парична казна тужената не вложила приговор, ниту пак повела судска постапка за поништување на истата што значи дека одлуката за парична казна е конечна.
Имајќи го предвид наведеното, првостепениот суд правилно оценил дека тужената ја сторила материјалната штета за која се товари и со тоа правилно одлучил кога ја задолжил тужената како во изреката на пресудата, дотолку повеќе што, тужената не докажала дека нема вина при утврдената штета на тужителот, истата не доставила писмени докази од кои би се утврдила различна состојба од онаа прикажана со пописот, ниту пак докази од кои би се утврдила поинаква висина на пресметаната штета од тужителот која била должна да ја надомести.”