Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-606/13

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 514.56 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање јули 4, 2013
  • Последна промена август 15, 2023

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-606/13

„Тужениот со решение ПРО.бр.16/12 од 05.09.2012 година го откажал договорот за вработување без отказен рок на тужителката поради неоправдано изостанување од работа, од страна на тужителката повеќе од три последователни работни дена во периодот од 16.07.2012 година до 06.08.2012 година, а согласно чл. 82, ст. 1, т. 1 од Законот за работни односи.

Меѓутоа, по наоѓање на овој суд во конкретниот случај не може да стане збор за неоправдано отсуство од причина што видно од материјалните докази изведени во текот на постапката произлегува дека тужителката согласно со законските одредби од ЗРО поднела писмено барање до нејзиниот работодавач – тужениот со цел да ѝ биде одобрен годишен одмор во периодот 16.07.2012 година заклучно со 06.08.2012 година, тужениот решението за користење на годишен одмор бр.0402-3794/630 од 07.05.2012 година уредно го потполнил вметнувајќи го периодот од 16.07.2012 година заклучно со 06.08.2012 кое решение претходно било бланко со уреден печат и потпис од страна на тужениот и ѝ го доставил на тужителката која согласно со ова решение во спорниот период била отсутна, односно истата користела годишен одмор што значи дека во случајов не може да стане збор за неоправдано отсуство три последователни дена во текот на една година.

(...) нема доказ дека тужителката уредно го примила писмото со кое била известена дека не ѝ се дозволува користење на годишен одмор, што значи дека тужителката не била запознаена со содржината на писмото дека не ѝ се дозволува користење на годишен одмор кој претходно ѝ бил одобрен со решение за користење на годишен одмор од 07.05.2012 година.”

Претходно Пресуда на Основен суд Тетово РО. бр. 42/2013
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право