- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 890.15 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање октомври 20, 2021
- Последна промена јули 11, 2024
Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-248/21
(...) „Согласно Правилникот за систематизација на работни места кај тужениот од 06.09.2019 година за утврдување на работните места на кои стажот на осигурување се смета со зголемено траење за работник кој работи на работно место возач на специјално возило за подигање и транспорт на смет е предвидено зголемување на стажот од 14 месеци стаж на осигурување за секои 12 месеци ефективна работа, односно 12/14. Тужениот на тужителот за спорниот период не му исплаќал придонеси за стаж на осигурување со зголемено траење. Од страна на наодот од вештото лице и дополнителниот наод се утврдија износите кои тужениот требало да му ги исплаќа на тужителот во Фондот на ПИОМ на име придонеси за ПИО на стажот на осигурување со зголемено траење – бенефициран стаж.
Согласно чл. 108 од Законот за пензиско и инвалидско осигурување на осигурениците кои работат на особено тешки и по здравјето штетни работни места стажот на осигурување им се смета со зголемено траење.
Согласно чл. 110 од истиот закон работните места на кои стажот на осигурување се смета со зголемено траење затоа што работата на нив е особено тешка и штетна по здравјето се утврдуваат со Правилник кој го донесува Министерот за труд и социјална политика. Во чл. 1 ст. 1 т. 1 од Правилникот за утврдување на работните места на кои стажот на осигурување се смета со зголемено траење, донесен од Министерот за труд и социјална политика на 16.03.2011 година, со истиот се утврдуваат работните места на кои што работата е особено тешка и влијае штено врз здравствената состојба и работната способност на работникот. Во точка 3 од истиот член степенот на зголемување на стажот на осигурување на вакви работни места може да се смета како 14, 15, 16, 17 или 18 месеци стаж на осигурување за секои 12 месеци ефективна работа, во зависност од тежината, штетноста, односно природата на работата.
Во конкретниот случај тужителот од 2004 година работел на работно место возач на специјално возило за подигање на смет, а со решение за распоредување од 06.09.2019 година продолжил да работи на истото работно место согласно новиот Правилник за систематизација на работни места и за ова работно место според тежината и штетноста следува зголемување на стажот 12/14 како што е и наведено во Правилникот на Министерството за труд и социјална политика. Со самиот факт што неспорно е дека тужителот со работата што ја вршел бил постојано опкружен со отпад така што во поголемиот дел од работното време ги вдишувал отпадните материи што ја прави таквата работа тешка и штетна по неговото здравје, бидејќи работи како возач на специјално комунално возило во одделението за собирање, транспортирање и селектирање на отпад, согласно договорот за вработување, произлегува дека тужителот на работното место на кое работел има право на стаж на осигурување од 12/14. Затоа обврска е на тужениот да му исплати придонеси за стаж на осигурување со зголемено траење – бенефициран стаж за конкретното работно место каде работел за предметниот период, а согласно Правилникот утврдување на работните места на кои стажот на осигурување се смета со зголемено траење.”