- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 927.80 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање октомври 21, 2021
- Последна промена јули 11, 2024
Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-260/21
(...) „Во конкретниот случај неспорно е дека тужителот извршувал работни задачи на работно место раководител на одделение, а земал плата за работно место виш соработник. Тужениот го распоредил тужителот на ова работно место, бидејќи имал потреба од лице кое извршувал работни задачи од работното место раководител на одделение, а врз основа на писмено овластување дадено од страна на тужениот. Од тука произлегува и обврската на тужениот да му ја исплаќа платата на тужителот која одговара за работното место на кое тужителот ги извршува работните задачи во смисла на чл. 13 ст. 1 од ОКД во Јавниот сектор. Тоа што тужениот не спровел постапката за унапредување во службата согласно Законот, не го ослободува тужениот од обврската на тужителот да му исплати плата сразмерно за извршените задачи и на обврските кои ги извршувал за извршената фактичка работа, односно плата во висина која би ја земал доколку бил распореден на работно место раководител на одделение. Во услови кога тужениот имал потреба од ангажирање на лице за работно место раководител на одделение, и за тоа работно место го ангажирал тужителот врз основа на писмено овластување, тужениот е должен за фактички извршената работа на тужителот да му исплати плата сразмерно на обврските и одговорностите кои произлегуваат од тоа работно место, без оглед што тужителот немал решение за распоредување.”