Решение на Апелационен суд Битола РОЖ-596/21

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 700.85 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање февруари 2, 2022
  • Последна промена јули 12, 2024

Решение на Апелационен суд Битола РОЖ-596/21

(...) „Во чл. 110 од ЗРО, е предвидено дека работодавачот е должен да му издаде на работникот при секое исплаќање на платата, како и до 31 јануари во новата календарска година писмена пресметка на платата, придонесите од плата и надоместоците на плата за платниот период, односно за изминатата година од кој исто така се гледа и пресметката и плаќањето на даноците и придонесите.

Согласно чл. 4 од Законот за придонеси за задолжително социјално осигурување обврска за пресметка и уплата на придонесите е работодавач самовработено лице, индивидуален земјоделец, државна институција, орган или организатор кој има обврска на товар и за сметка на обврзникот за плаќање на придонеси да ги пресмета, задржи и уплати придонесите. Работодавач е правно и физичко лице кое вработува работници врз основа на договор за вработувње. Со оглед на фактот дека обврзник за пресметка и уплата на придонесите е работодавачот, тужениот наведен во тужбата е пасивно легитимиран во конкретниот случај.

Првостепениот суд во образложението на пресудата прифаќа дека согласно чл. 6 ст. 2 од Законот за пензиско и инвалидско осигурување, правата од пензиско и инвалидско осигурување не застаруваат, меѓутоа не се има произнесено по однос на застареноста на придонесите за задолжително здравствено осигурување, придонесите за дополнително задолжително здравствено осигурување, придонесот во случај на невработеност, како и персоналниот данок од доход.

Во чл. 23 од погоре цитираниот закон, контролата, утврдувањето, наплатата, присилната наплата, застареноста и отпишувањето на придонесите ги врши Управата за јавни приходи согласно со Законот за даночната постапка. Во чл. 110 од Законот за даночна постапка и измените и дополнувањата на овој закон е предвидено дека застареноста на даноците и споредните побарувања започнува со истекот на годината во која што е остварена фактичката состојба. Рокот за застареност изнесува пет години, а кај даночното затајување рокот за застареност изнесува 10 години. Законот за придонеси за задолжително осигурување помеѓу другото ги уредува видовите на придонесите, роковите за плаќање и други прашања.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-566/21
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право