Решение на Апелационен суд Битола РОЖ-397/22

  • Version
  • Преземи 6
  • Големина на фајлот 1.12 MB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање ноември 7, 2022
  • Последна промена јули 12, 2024

Решение на Апелационен суд Битола РОЖ-397/22

(...) „Во конкретниот случај, судот утврди дека работодавачот за месеците април, мај и јуни 2020 година, работата кај себе ја организирал преку воведување на дежурства за работните места медицински сестри и за болничарите, на начин што изготвил распореди за работа засебно за секој од овие три месеци. Меѓутоа, приложените распореди во списите на предметот на кои се повикува првостепениот суд, се распореди за работа во смени на персоналот за април, мај и јуни 2020 година, а не за дежурства како што прифаќа првостепениот суд. Покрај тоа и во наодот и мислењето на вештото лице наведено е дека во исплатните листи за април, мај и јуни 2020 година не е евидентиран додаток на плата за дежурство. Во истиот наод во делот пресметка за тужителката К. Ј., стои дека во согласност со распоредот за работа во смени, тужителката ги одработила дежурствата кои се поединечно наведени. При таква состојба по мислење на овој суд, основано се поставува прашањето како била организирана работата кај тужениот, дали во смени или во дежурства.

Од друга страна, (...) се поставува прашањето, дали била донесена одлука за организирање на работа со дежурство, за воведување и обем на работа во дежурство, како и одлука со која е определено дека тужителката треба да обавува работа во дежурство. Останува неразјаснето и прашањето, дали е обезбедена соодветна согласност од Министерството за здравство, бидејќи не е доставен доказ со кој би се докажало дека тужениот воопшто го известило Министерството за потребата од спроведување и организирање на работа во дежурство, односно за причините и времетраењето на истиот кај тужениот.

По мислење на овој суд, не е јасно и тоа од што произлегуваат повеќе одработените часови во вештиот наод и мислење. Имено, не е јасно како во наодот е утврден почеток и крај на дежурството, кога од доставените настани за тужителката К., поединечно за месец април, мај и јуни 2020 година, тоа не произлегува, бидејќи видно од истите е дека за некои денови е евидентиран само почеток на работното време, а не и крај на работното време па не е јасно во вештачењето како вештото лице во тој период најде кога тужителката дошла на работа, а кога заминала од работа.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-356/22
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право