- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 968.73 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање април 4, 2022
- Последна промена јули 13, 2024
Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-34/22
(...) „Видно од електронската евиденција за присуство на работа, како и од дневните евидентни листи судот неспорно утврди дека во деновите 22.06., 23.06. и 24.06.2020 година тужителката не била на работа, а кој факт не го оспори ниту самата тужителка. Неспорно е дека од увидот во писмениот допис – известување од 21.06.2020 година од тужителката се утврди дека тужителката на 22.06.2021 година на адреса во подружницата во П. со препорачана пратка до тужениот доставила известување во кое било наведено дека почнувајќи од 22.06.2020 година неколку денови ќе биде отсутна заради здравствената состојба на нејзината мајка, како и дека кога ќе се врати на работа ќе ги регулира деновите со првиот дел од годишниот одмор, меѓутоа од приемната книга изведен како доказ се утврди дека ваквото известување не било евидентирано кај тужениот, а раководителот на секторот каде што работела тужителката во својот исказ даден на расправа пред судот наведе дека во поглед на отсуството на овие три работни дена тужителката немала решение за одмор, а ниту приложила боледување или друго оправдување за отсуство од работа, иако изминал подолг временски период. Од тие причини, од страна на раководителот на подружницата во П. била поднесена пријава на 10.07.2020 година до дисциплинската комисија дека тужителката во периодот од 22.06.2020 година до 24.06.2020 година неоправдано изостанала од работа три последователни работни дена.
Во конкретниот случај на тужителката и бил откажан договорот за вработување без отказен рок во смисла на член 82 ст. 1 од ЗРО, каде се наведени случаите во кои работодавачот може на работникот да му го откаже договорот за вработување без отказен рок, меѓу кој и доколку работникот неоправдано изостанал од работа три последователни работни дена или 5 работни дена во текот на една година. Исто така и во чл. 77 од КД на тужениот се регулирани случаите на кршење на работните ред и дисциплина и неисполнувањето на работните обврски во кои работодавачот може на работникот може да му го откаже договорот за вработување без отказен рок. Во случајот, за ваквата сторена повреда законодавецот предвидува можност за отказ на договорот за вработување без отказен рок, па во ваков случај предупредувањето не е неопходен услов за изрекување на престанокот, бидејќи не станува збор за откажување на договор за вработување од лични причини, во смисла на чл. 73 и 80 од ЗРО.”