Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-641/21

  • Version
  • Преземи 1
  • Големина на фајлот 908.47 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање април 4, 2022
  • Последна промена јули 13, 2024

Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-641/21

(...) „Од изведените докази правилно утврдил и прифатил првостепениот суд дека тужителот го известил директорот на тужениот, согласно начинот на комуникација кој тој го определил со цел да се заштитат од ширење на заразата од Ковид-19, дека ќе биде отсутен поради симптоми на болеста, како и тоа дека деновите кои нема да оди на работа ќе ги покрие со неискористениот дел од годишниот одмор и слободните денови кои му следувале поради дежурства. Со самиот факт дека директорот бил известен дека нема да оди на работа, како и фактот дека тужителот имал неискористени 11 денови од годишниот одмор, а директорот во комуникацијата со тужителот му одобрил користење на неискористениот дел од годишниот одмор, а исто така имал и слободни денови поради работа во дежурство, правилно заклучил првостепениот суд дека тужителот не отсуствувал од работа неоправдано, туку дека неговото отсуство било оправдано, односно за периодот во кој отсуствувал истиот го искористил годишниот одмор и слободните денови поради работата во дежурство. Исто така првостепениот суд при одлучувањето го имал во предвид и фактот дека во текот на постапката тужителот писмено со барање од 29.04.2021 година се обратил до тужениот да му достави информација за тоа дали имал за користење слободни денови од дежурства кои му биле одработени во 2019 и 2020 година, меѓутоа тужениот, иако како работодавач водел евиденција за таквите дежурства, не дал одговор на таквото барање, односно не го докажал фактот дека тужителот немал за користење слободни денови поради работа во дежурство и дека отсуството во спорниот период било неоправдано. Со оглед да тужениот како работодавач бил должен и водел евиденција за работењето во дежурство, товарот на докажување на ваквите факти во врска со дежурствата и слободните денови кои тужителот имал право да ги користи поради дежурство, се на негова страна како работодавач на тужителот, меѓутоа ваквите факти тужениот не ги докажал во текот на постапката, а од друга страна сослушаните сведоци во своите искази укажуваат дека и тужителот имал дежурства и дека му следувале слободни денови за истите. Во оваа насока е и фактот што со Известување од 22.04.2021 година тужениот ги известува вработените дека доколку некој сеуште имал неискористени денови од дежурство, истите да се искористат до 30.06.2021 година, што значи дека за работата во дежурство и самиот тужен како работодавач утврдил и дозволил да се користат слободни денови за работењето во дежурство. Според тоа, Овој суд оценува дека правилно заклучил првостепениот суд дека побиваната одлука за отказ на договорот за вработување на тужителот е незаконита, бидејќи тужителот оправдано отсуствувал во наведениот период за кој му е откажан договорот за вработување и дека истиот не ја сторил повредата од горе наведената одредба од ЗРО поради која му е откажан договорот за вработување и правилно постапил кога со побиваната пресуда ја поништил ваквата одлука како незаконита и го задолжил тужениот да го врати тужителот на работа на работно место соодветно на неговата стручна подготовка, а со тоа правилно го применил и материјалното право.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-34/22
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право