- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 896.68 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање октомври 25, 2021
- Последна промена јули 13, 2024
Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-310/21
(...) „Работното место на кое работел тужителот не било укинато, немало организациони промени, само што на неговото работно место бил распореден друг работник, што значи дека тужениот имал потреба од извршител на тоа работно место. (...)
Во конкретниот случај, правилно утврди првостепениот суд дека тужениот не ја докажа основаноста на причината за донесување на одлуката за отказ со промена на нов договор за вработување. Тужителот го немал потребното работно искуство на понуденото работно место, немал ниту обука за тоа работно место. На работното место 1600/... во одделението за вулканизација биле 5 извршители и имало одговорен инженер во ова одделение. Иако на работното место на кое претходно работел ... бил распореден друг работник, тужителот после распоредувањето добивал работни налози да извршува работни задачи од работното место ...
Правилно првостепениот суд утврдил дека тужениот при откажување на договорот за вработување со понуда на променет договор не дал јасни, образложени, оправдани и објективни причини, бидејќи од доказите кои првостепениот суд ги изведе во текот на постапката, тужениот не ја докажа основаноста на причините за донесување на оспорената одлука.
Работодавачот има обврска да докаже дека по склучувањето на договорот за вработување на работникот настапиле одредени околности поради кои работодавачот не бил во можност повеќе да му ги довери на работникот истите работи и на истото работно место или дека на работникот повеќе не може да му понуди натамошно исполнување на правата и обврските утврдени со договорот за вработување поради новонастанатите услови и околности кај работодавачот.
Во конкретниот случај тужениот не постапил по погоре наведените обврски, туку напротив повторно го ангажирал тужителот да обавува работни задачи од работното место од кое му го откажал договорот. Со тоа тужениот не ја докажа основаноста на причините за откажување на договорот за вработување со понуда на променет договор за вработување и правилно првостепениот суд утврди дека донесената одлука е незаконита.”