- Version
- Преземи 1
- Големина на фајлот 575.67 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање јануари 20, 2021
- Последна промена јули 13, 2024
Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-484/20
(...) „Неосновани се жалбените наводи на тужениот дека истиот ја запазил постапката предвидена во член 78 од Законот за работни односи и чл. 6 од Колективниот договор на тужениот, бидејќи Одлуката за отказ со понуда за склучување на нов променет договор за вработување содржела образложени причини. Тужениот ги навел одредбите од Колективниот договор врз основа на кои одлуката е донесена, односно заради мерки и активности за подобрување на деловното работење, како и дека работното место е слободно или упразнето, а вршењето на работите од тоа работно место не трпи прекин.
Видно од Одлуката за давање на отказ за договорот за вработување со понуда за склучување на нов договор за вработување, причина за понудата на променетиот договор за вработување, како е наведено во образложението е заснована на потребите од функционирањето на работодавачот (деловна причина). Во образложението се наведени и членови од Колективниот договор на тужениот, поради кои може на работникот да му се понуди промена на договорот за вработување и наведено е дека во прилог на одлуката му се доставува на работникот описот и пописот за работите и работните задачи од понуденото работно место кое било слободно, меѓутоа правилно утврдил првостепениот суд дека нема доволно образложени причини во одлуката за отказ со понуда на нов променет договор за вработување од која причина токму на тужителот му се понуди нов променет договор за вработување, кога како утврди првостепениот суд, а тужениот не го докажа спротивното, работното место на тужителот на кое работел како координатор во Подружницата О., РЕ Струга, на кое било предвидено да работи еден извршител, не било укинато и предвиден бил само еден извршител. (...)
Согласно чл. 76 од ЗРО, во основана причина за откажување на договорот е кога престанала потребата од вршење на одредена работа под условите наведени во договорот за вработување заради економски, организациони, технолошки, структурни или слични причини на страна на работодавачот (деловни причини).
Во конкретниот случај, не е доволно тужениот да наведе дека причината за откажување на договорот за вработување со промена на склучување на нов променет договор за вработување е заснована на потребите на функционирање на работодавачот (деловна причина), туку конкретно да ја наведе таа деловна причина, односно да докаже дека престанала потребата од вршење на работата на тужителот на претходното работно место поради деловна причина, а тужениот тоа не го докажа, бидејќи ова работно место и понатаму е систематизирано во Правилникот за систематизација на тужениот и на ова работно место е предвиден еден извршител. Поради тоа, правилно одлучил првостепениот суд, кога го задолжил тужениот да го врати тужителот на работа на работно место согласно претходниот договор за вработување од 01.12.2014 година.”