- Version
- Преземи 2
- Големина на фајлот 886.22 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање март 17, 2022
- Последна промена јули 13, 2024
Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-623/21
(...) „Во конкретниот случај видно од актот за систематизација на работните места кај тужениот на работното место раководител на багер на кое е вработен тужителот пред да му биде понуден променетиот договор за вработување предвидени биле 8 извршители и по име се наведени работниците кои работеле на тоа работно место. За работното место на кое му е понуден променетиот договор за вработување, односно бравар 2-ра група, под шифра 1600/255, предвидени биле 21 извршители и истото е пополнето со 20 извршители меѓу кои е и тужителот. Со оглед на фактот дека и работното место раководител на багер во целост не е пополнето со бројот на предвидените извршители, туку на истото останале 3 извршители, а се предвидени 8 по Актот за систематизација, правилно заклучил првостепениот суд дека во конкретниот случај не е наведен основот за отказот утврден со закон, колективен договор и акт на работодавачот ниту е докажана основаноста на причината која го оправдува отказот со понуда на нов променет договор за вработување. Не е доволно работното место да е слободно и работникот да ја поседува потребната стручна подготовка, бидејќи и за работното место 1600/252 тужителот ја имал потребната стручна подготовка, а на ова работно место тужениот не докажа дека се намалила потребата од работници. Секој работник има право да работи на определено работно место за кое склучил договор за вработување со работодавачот. Бидејќи тужениот донесе одлука со која се дава отказ на договорот за вработување и на работникот му предлага склучување на нов променет договор за вработување, тужениот треба да докаже дека постојат основани причини за промена на договорот за вработување. Правилно првостепениот суд од изведените докази утврди дека тужениот не ја докажа основаноста на причината за донесената одлука.”