- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 928.92 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање април 26, 2021
- Последна промена јули 21, 2024
Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-77/21
(...) „Во конкретниот случај од изведените докази во текот на постапката посебно од исказите на сведоците Н. С. и Н. П. произлегува дека критичниот ден тужителот не ја снимал просторијата каде што бил одржан состанок со помошник техничкиот директор, туку тој состанок поминал без никакви проблеми. Тужениот не можел на тужителот да му изрече дисциплинска мерка за сторен дисциплински престап и тоа за повторување на дисциплина неуредност повеќе од два пати во тековната година. Ова од причини што од списите на предметот на тужителот согласно чл. 37-т од Законот за јавните претпријатија за дисциплинска неуредност изречена му е дисциплинска мерка парична казна и против така изречената мерка тужителот повел судски спор и со пресуда РО - 25/19 од 31.10.2019 година одлуката за изречената дисциплинска мерка парична казна била поништена како незаконита. За да може да се изрече дисциплинска мерка за сторен дисциплински престап треба работникот да ја повтори дисциплинската неуредност повеќе од два пати во тековната година, а во конкретниот случај како е наведено погоре тужителот еднаш е казнет за дисциплинска неуредност со парична казна, меѓутоа и таа одлука од страна на судот е поништена како незаконита. Исто така, тужителот не ги сторил повредите злоупотреба на статусот на вработен во јавно претпријатие и злоупотреба на личните податоци, односно не е докажано во што се состојат таквите повреди, односно со кои дејствија тужителот ги сторил ваквите повреди заради кое за сторен дисциплински престап изречена му е дисциплинска мерка распоредување на работно место во непосредно пониско ниво.
Тужениот меѓу другото во жалбата наведува дека тужителот и пред 18.03.2019 година одбивал да извршува работни задачи за што бил опоменуван дека на 01.08.2018 година тужителот иако имал патен налог истиот одбил да пренесе цевки на местото каде што требало да извршува работни задачи, дека на 16.07.2018 година одбил да го вози камиончето Застава ОМ35,8, на ден 25.07.2018 година свесно одбивал да се јави на телефон на барање на неговиот претпоставен итн., меѓутоа ваквите жалбени наводи овој суд не ги прифати од причини што предмет на оценка е одлуката од 27.05.2019 година со која на тужителот за потешка повреда на службената должност, односно за сторен дисциплински престап изречена му е дисциплинска мерка распоредување на работно место во непосредно пониско ниво, а не го цени однесувањето на тужителот пред поведување на оваа дисциплинска постапка.”