- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 918.97 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање септември 1, 2021
- Последна промена јули 21, 2024
Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-198/21
(...) „Во член 187 од Законот за внатрешни работи е предвидено дека работникот врши потешко кршење на работниот ред и дисциплина или неисполнување на работните обврски утврдени со закон, колективен договор, правила и прописи на министерството и договорот за вработување ако не ги извршува или несовесно и ненавремено ги извршува работните обврски. Иста ваква повреда предвидена е и во член 208 став 1 точка 3 од Колективниот договор на тужениот.
Во член 21 став 1 точка 9 од Законот за кривична постапка, предвидено е дека правосудната полиција се полициски службеници од Министерството за внатрешни работи и припадниците на финансиската полиција, со закон овластени лица на царинска управа кои работат на откривањето на кривичните дела и овластени службени лица на Министерството за одбрана кои работат на откривање и пријавување на кривични дела.
Во член 41 став 1 од истиот Закон, предвидено е дека заради остварување на функцијата на кривично гонење јавниот обвинител раководи со предистражната постапка и ја има на располагање правосудната полиција. Во член 46 став 1 од истиот Закон, е предвидено дека правосудната полиција по службена должност или по наредба на Јавниот обвинител презема мерки и активности со цел за откривање и криминалистичко истражување на кривични дела, спречување на натамошни последици на кривични дела фаќање и пријавување на нивните сторители, обезбедување на докази или други мерки и активности што можат да користат за непречено водење на кривичната постапка, додека во став 2 од истиот член е предвидено дека правосудната полиција спроведува истражување и дејствија наложени или доверени од судот и јавното обвинителство. Во став 3 е предвидено дека должностите од став 1 и 2 на овој член ги вршат старешините и службениците на правосудната полиција. Од изведените докази во текот на постапката произлегува дека од страна на сведокот Р. бил известен обвинителот В. Д. дека пријавениот не е малолетен, туку дека станува збор за полнолетно лице при што од страна на јавниот обвинител му биле дадени насоки случајот да не се спроведува по брза постапка како што било случај кога станува збор за малолетно лице, туку истата да се спроведе во редовна постапка и да не се обавува разговор со лицата во полициската станица и истите веднаш да бидат пуштени, а пријавениот, односно сега тужителот да биде задржан 24 часа од моментот на лишување на слобода.
Правилен е заклучокот на првостепениот суд дека тужителот како припадник на правосудната полиција постапувал по напатствијата и насоките добиени од обвинителот В. Д., а по кои напатствија тужителот бил должен да постапува.
Од наведеното произлегува дека од страна на тужителот не се сторени повреди на работните обврски предвидени во член 187 став 1 точка 3 од Законот за внатрешни работи и член 208 став 1 точка 3 од Колективниот договор на тужениот и истиот постапувал во согласност со правата, должностите и овластувањата утврдени со Уставот на Република Македонија, законите и другите прописи донесени врз основа на закон. Во оваа смисла неосновани се жалбените наводи на тужениот дека од страна на првостепениот суд неправилно е применето материјалното право заради што Овој суд, а согласно член 357 од ЗПП одлучи како во изреката на пресудата.”