- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 912.86 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање октомври 21, 2021
- Последна промена јули 21, 2024
Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-277/21
(...) „Имено, од изведените докази во текот на постапката произлегува дека во конкретниот случај тужителот морал да ги примени и ги применил мерките и средствата на присила - удирајќи го лицето Б. со палката, а со цел да го совлада, што всушност е во рамките на Законот и во рамките на неговите службени овластувања. Ова пред се поради фактот што истиот немал друг начин и можност да пристапи кон спроведување на лицето Б. кое било доста агресивно и кое на секаков можен начин се спротивставувало на тужителот како службено лице. Неспорно е дека тужителот како службено лице должен е да ги почитува слободите и правата на човекот и граѓанинот согласно член 6 од Законот за внатрешни работи, меѓутоа, истиот истовремено е должен да го штити и чува животот и имотот на граѓаните како што во конкретниот случај се имотот и животот на сведокот Л. кој бил сопственик на пекарата и животот на сведокот С. кој како службено лице заедно со тужителот постапувале во коректниот настан.
Овој суд смета дека со мерките и дејствијата кои ги презел тужителот за совладување на лицето Б. ниту го злоупотребил или пречекорил даденото овластување, ниту пак извршил дејствие што преставува кривично дело или прекршок против јавниот ред и мир. Превземените дејствија од страна на тужителот - употреба на полициска палка и ставање на лисици, биле соодветни и сразмерни за совладување на отпорот кој го давал лицето Б. Во оваа смисла правилен е заклучокот на првостепениот суд дека тужителот не ги сторил повредите на работните обврски заради кои му е изречена парична казна.”