- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 275.29 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање мај 3, 2018
- Последна промена ноември 5, 2024
Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.64/2017
„Имeно, доколку се има во предвид неспорно утврдениот факт дека тужителката е во работен однос кај тужениот без прекин повеќе од пет години, почнувајќи од 01.10.2009 година, на работно место наставник по предметите Запознавање со религиите, Унапредување на здравјето и Етика и за целиот период на траење на работниот однос врши исти работи, со сигурност може да се утврди дека во конкретната правна работа се исполнети условите за трансформација на работниот однос на тужителката од определено во работен однос на неопределено време, а согласно член 46 став 3 во врска со став 1 од Законот за работните односи.
Фактот што во текот на работниот однос на тужителката, со склучените договори за засновање на работен однос на определено време, биле додавани наставни предмети по кој ќе предава тужителката, не значи дека тужителката вршела различни работи. Имено, за целиот период на траење на работниот однос тужителката вршела исти работи и тоа воспитно образовна работа по предметите Етика, Запознавање со религиите и Унапредување на здравјето, што значи дека континуитетот на траењето на работниот однос на тужителката не се смета посебно за секој од наставните предмети кои ги предавала тужителката.
Согласно член 83 став 3 од Законот за основното образование, наставник може да заснова работен однос на неопределено време но пократко од полното работно време, доколку обемот на работа изнесува најмалку половина работното време во работната недела утврдено со закон.
Имајќи во предвид дека тужителката работи кај тужениот како наставник по предметите Запознавање со религиите со 8 наставни часа,Унапредување на здравјето со 2 наставни часа и Етика со 4 наставни часа, односно со фонд на часови од 14 наставни часови, што претставува повеќе од половина од полното работно време согласно Законот за основно образование, произлегува дека се исполнети и условите за засновање на работен однос на неопределено време кои ги предвидува член 83 став 3 од Законот за основното образование.”