Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.46/2016

  • Version
  • Преземи 1
  • Големина на фајлот 238.33 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање мај 31, 2017
  • Последна промена ноември 5, 2024

Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.46/2016

„Според наоѓањето на Врховниот суд на Република Македонија, правилно второстепениот суд го применил материјалното право, кога раководејќи се од одредбите од член 116 став 6, став 7 и став 8 од Законот за работните односи (“Службен весник на Република Македонија” бр. 62/05...187/13), застанал на стојалиште дека оспорените одлуки се незаконити. Поткрепа за вакво одлучување, правилно второстепениот суд наоѓа во утврденото дека тужениот не доставил доказ дека водел електронска евиденција на работното време за секоја локација која претставува негова должност како Јавно претпријатие во смисла на посочената законска одредба, ниту пак евидентен лист за присуство на работа на работници со наведување на податоци за почеток и завршеток на работно време на локацијата каде работел тужителот. Впрочем, тужениот водел еднострана евиденција на работното време од страна на раководителот на тужителот, па оттука без постоење на потпис од тужителот за почетокот и завршетокот на работното време, основаноста на причината поради која е даден отказот на договорот за вработување на тужителот не е докажана. Евиденцијата во карнетки со прилог на дневен работен налог, без потпис на работникот коj ќе го потврди своето присуство сама по себе не претставува основ за извлекување заклучок дека тужителот неоправдано отсуствувал од работа повеќе од седум работни дена, ако притоа се има предвид наведената одредба.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-718/16
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право