Пресуда на Основен суд Охрид РО-130/17

  • Version
  • Преземи 1
  • Големина на фајлот 968.22 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање јули 10, 2018
  • Последна промена ноември 5, 2024

Пресуда на Основен суд Охрид РО-130/17

„Согласно член 4 од Конвенцијата на Меѓународна организација на трудот број 158 Конвенцијата за престанок на работен однос по иницијатива на работодавецот „Работниот однос на работникот нема да му престане доколку за таков престанок не постои добра причина врзана за способноста или однесувањето на работникот или за работните потреби на претпријатието, установата или службата“. Во член 6 од погоре наведената Конвенција „Привременото отсуство од работа поради болест или поради повреда не претставува причина за престанок на работниот однос“.

Во член 7 од истата Конвеција е регулирано дека „Работниот однос на работникот нема да му престане поради причини сврзани со однесувањето на работникот или неговата работа пред да му се овозможи да се брани од изнесените наводи, доколку од работодавецот со причина не може да се очекува да му ја даде таа можност“.

На тужителката не ѝ била дадена можност пред дисциплинската комисија да се брани од изнесените наводи во пријавата, со што ѝ било скратено ова право, а со тоа е сторена повреда на постапката пред тужениот, согласно меѓународната конвенција.

Поради горе наведените причини судот смета дека тужбеното барање на тужителката е основано, заради што донесе одлука како во изреката.”

Претходно Правно мислење на Врховен суд од 09.07.2018 г.
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право