- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 551.78 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање мај 6, 2020
- Последна промена ноември 5, 2024
Пресуда на Врховниот суд на Република Северна Македонија Рев3.бр.95/2020
„(...) тоа што тужениот во оспорената одлука утврдува дека правна последица од непотпишувањето на анексот бр.04-2708 од 11.05.2018 година е отказ на договорот за вработување, е спротивно на смислата на членот 28-а став 4 кој предвидува дека измените на договорот за вработување можат да бидат извршени ако и двете страни се договорат за нив, односно не дозволува еднострана измена на договорот за вработување. Всушност, со наведената одредба не е пропишана можност за тужениот како работодавач да го откаже договорот за вработување бидејќи предложената измена на договорот не е прифатена од страна на тужителот, ниту пак, по наоѓање на овој суд, анексот кон договорот за вработување може да се смета како понуда за склучување на нов променет договор за вработување во смисла на член 78 од Законот за работните односи, како што неосновано наведува тужениот во ревизијата.”