- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 253.96 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање септември 19, 2018
- Последна промена ноември 6, 2024
Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.13/2018
„По наоѓање на Врховниот суд на Република Македонија правилно пониските судови го примениле материјалното право кога согласно одредбите од член 72, член 73 и член 74 од Законот за работни односи го усвоиле тужбеното барање на тужителот, ја поништиле како незаконита Одлуката бр.04-19504/1 од 22.08.2016 година за откажување на договорот за вработување со отказен рок донесена од тужениот и Одлуката по приговор бр.02-20077/2 од 31.08.2016 година и го задолжиле тужениот да го врати тужителот на работа и да го распореди на работно место соодветно на неговата стручна подготовка во рок од 8 дена од приемот на пресудата, притоа утврдувајќи дека одлуката за отказ со која му е откажан договорот за вработување на тужителот не е во согласност со законот и тужениот не ја докажал основаноста на причината за откажување на договорот за вработување.
Според овој суд правилно пониските судови застанале на стојалиште дека предметната одлука за отказ, донесена согласно член 81 став 1 точка 1 и 4 од Законот за работните односи, нема образложение и во истата не се наведени дејствијата со кои тужителот ја сторил повредата на работниот ред и дисциплина, ниту пак во одлуката за отказ е наведено кои денови тужителот не се придржувал кон работното време и во кое време тужителот пристигнувал и заминувал од работа и дали за доцнењето го известил претпоставениот, како и во кој период не го евидентирал отсуството од работното место поради користење на паузата.
Ова дотолку повеќе што тужениот не доставил докази дека тужителот не го почитувал член 4 од Правилникот за куќен ред, а со оглед да во конкретниот случај станува збор за полесна повреда истиот имал обврска да му даде на тужителот писмено предупредување за неисполнување на обврските и можноста за отказ доколку тужителот продолжел со кршење на истите.”