Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.68/2017

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 361.18 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање јуни 6, 2018
  • Последна промена ноември 6, 2024

Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.68/2017

„(...) по наоѓање на Врховниот суд на Република Македонија, правилно првостепениот и второстепениот суд го примениле материјалното право, кога го одбиле како носновано тужбеното барање на тужителот. Правилно судовите прифатиле дека во конкретниот случај решението со кое му е откажан Договорот за вработување на тужителот е правилно и на закон донесено согласно одредбите од член 86 во врска со член 82 став 2 од Законот за работни односи и член 133, 134 и 149 од Колективниот договор на тужениот.

Во случајот е утврденото дека тужителот со дејствија што ги презел тужителот, каде што бил присутен приватно, како лице со посебна должност кај тужениот, се впуштил во расправа со овластени службени лица и се заканувал истите да не снимаат и да не преземаат дејства, и на тој начин ги попречил службените лица на тужениот кој биле на работна задача при извршување на акција, при што настанала голема мешаница, постапил спротивно на член 134 став 1 точка 7 од Колетивниот договор и на тој начин тужителот му наштетил на угледот на тужителот.

Со Правилата за начинот на однесување на меѓусебните односи на работниците со посебна должност и овластување во извршувањето на работите и работните задачи, е предвидено дека овластените службени лица се должни да постапуваат во согласност со правата, должностите и овластувањата утврдени со Уставот на Република Македонија, законите и другите прописи донесени врз основа на закон, да го чуваат својот углед како и угледот на Министерството.”

Претходно Решение на Апелационен суд Битола РОЖ-311/18
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право