Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.104/2015

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 203.81 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање ноември 23, 2016
  • Последна промена ноември 6, 2024

Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.104/2015

„(...) како од содржината на одлуката не произлегле причините за откажување на договорот за вработување поради кршење на работниот ред и дисциплина, односно оспорената одлука не ги содржи законските елементи, со кои тужениот би ја докажал основаноста за откажување на договорот за вработување, правилно судовите со примена на одредбите од член 72 и 74 од Законот за работните односи го усвоиле тужбеното барање на тужителот и ја поништиле како незаконита одлуката за откажување на договорот за вработување.

Судот при одлучувањето ги ценеше наводите во ревизијата дека во образложението на одлуката стојат периоди и дејствија на тужителот, кои се причина за несовесно извршување на работните обврски, дека тужителот со своето однесување не постапувал согласно правилата и упатствата, поради што согласно член 71 став 2 од Законот за работните односи е откажан договорот за вработување, но најде дека се неосновани.

Имено, во одлуката, со која му е откажан договорот за вработување и му изречен престанок на вработувањето на тужителот, изречно не е опишано на кој начин, со кои дејствија и кога ги сторил повредите, ниту е даден опис на повредите, за да може судот да ја цени основаноста на донесената Одлука поради кршење на работниот ред и дисциплина, односно во истата не се наведени начините на кој е повреден членот 71 став 2 од Законот за работните односи, и начинот на непочитување на работниот ред и дисциплина, подетално не е образложен и објаснет, поради што правилно судовите утврдиле дека оспорената одлуката е незаконита, поради што како таква е поништена, а тужениот е задолжен да го врати тужителот на работно место соодветно на неговата стручна подготовка.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-1299/15
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право