- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 343.56 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање мај 3, 2018
- Последна промена ноември 6, 2024
Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.121/2017
„(...) пониските судови ценејќи ги одредбите од член 72 и член 74 од Законот за работни односи, правилно го примениле материјалното право, кога утврдиле дека Решението за откажување на договорот за вработување со отказен рок бр.105/15 од 30.10.2015 година поради кршење на работниот ред и дисциплина и неисполнување на работните обврски, донесено од тужениот е незаконито бидејќи во истото не се наведени конкретните дејствија со кои тужителот ја сторил предметната повреда.
Врховниот суд на Република Македонија во целост се согласува со утврденото од судовите дека спорното решение за откажување на договорот за вработување со отказен рок поради кршење на работниот ред и дисциплина и неисполнување на работните обврски не содржи образложени причини поради кои му е даден отказот на тужителот, а во насока на тоа да во истото не се точно наведени дејствијата, начинот на кој не е почитуван работниот ред и дисциплина, кога и во кое време тужителот ја сторил повредата за која се товари, а согласно член 81 од Законот за работни односи.”