Пресуда на Врховниот суд на Република Северна Македонија Рев3.бр.58/2018

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 547.98 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање март 20, 2019
  • Последна промена ноември 6, 2024

Пресуда на Врховниот суд на Република Северна Македонија Рев3.бр.58/2018

„(...) по наоѓање на Врховниот суд на Република Северна Македонија, правилно пониските судови го примениле материјалното право кога согласно член 205 став 1 алинеја 1 од Законот за здравствена заштита го одбиле како неосновано тужбеното барање, бидејќи утврдиле дека решението бр.04-230/1 од 16.03.2015 година со кое на тужителот му престанало вработувањето е законито.

Имено, по наоѓање на овој суд правилно пониските судови прифатиле дека тужителот во спорниот период не бил присутен на работа, односно видно од извадокот за евидентирање во електронскиот систем за евиденција на работното време за вработените кај тужениот, тужителот не се евидентирал дека истиот е присутен на работа во деновите 26.02.2015 година, 27.02.2015 година и 02.03.2015 година и дека ги извршува работните задачи, а своето отсуство од работа не го оправдал. Оттука, во услови кога тужителот не доставил докази дека истиот во спорниот период бил на работа и ги извршувал своите работни задачи, правилно пониските судови утврдиле дека тужителот ја сторил повредата која му се става на товар, односно дека истиот неоправдано изостанал од работа три последователни работни дена заради што и правилно тужениот му го откажал на тужителот договорот за вработување согласно со член 205 став 1 алинеја 1 од Законот за здравствена заштита. Заради наведеното, овој суд наоѓа дека неосновани се наводите во ревизијата на тужителот дека не биле изминати три последователни денови, со што не бил исполнет законскиот предуслов за донесување на решение за престанок на работен однос.

Врховниот суд на Република Северна Македонија ги ценеше наводите на тужителот дека решението бр.04-230/1 со кое на тужителот му престанува вработувањето е незаконито бидејќи истото е донесено на 16.03.2015 година, а се применува од 02.03.2015 година, односно се применува ретроактивно, но најде дека истите се без влијание по однос на законитоста на предметното решение при состојба кога неспорно е утврдено дека тужителот ја сторил повредата заради која е донесено решението со кое на тужителот му престанало вработувањето, односно дека истиот неоправдано изостанал од работа три последователни работни дена и тоа деновите 26.02.2015 година, 27.02.2015 година и 02.03.2015 година. Имено, прво мора да настанат законски предвидените услови за престанок на работниот однос, во случајов неоправдано отсуство од работа три последователни денови, за да дури подоцна работодавачот – туженот има законско право да донесе решение за престанок на работниот однос, што впрочем и е сторено во конкретниов случај.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-141/19
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право