- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 535.72 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање ноември 27, 2019
- Последна промена ноември 6, 2024
Пресуда на Врховниот суд на Република Северна Македонија Рев3.бр.91/2018
„(...) кога тужителот придружуван од непознати лица, презел насилни дејствија врз другите вработени во нивните работни простории, оневозможувајќи им пристап до нивните работни места и извршувањето на активностите на тужениот, по наоѓање на овој суд, правилно пониските судови застанале на стојалиште дека тужителот постапил спротивно на правниот систем на И. в. з. во Република Македонија, со што ги сторил повредите кои му се ставаат на товар со одлуката за откажување на договорот за вработување, па во таа насока се работи за законит престанок на работниот однос.
Поаѓајќи од погоренаведеното, овој суд најде дека се неосновани ревизиските наводи на тужителот дека пониските судови погрешно го примениле материјалното право кога одлучиле на наведениот начин, со оглед да во конкретниот случај не е утврдено на кој начин и со кои преземени дејствија како работник, тужителот сторил кршење на работниот ред и дисциплина, а притоа во текот на постапката не е изведен доказ од кој ќе се утврди дека тужителот не ги почитувал нормативните акти, одлуките на органите и телата на тужениот.
Тужителот во ревизијата наведува и дека во случајот пониските судови, повикувајќи се на финансискиот извештај кој бил составен подоцна, погрешно прифатиле дека тужителот предизвикал штета на тужениот како работодавач, без притоа да се утврдат кои се неговите причинско последични дејствија, на кој начин ја предизвикал штетата и во кој обем. Врховниот суд на Република Северна Македонија, оцени дека ваквите наводи не се од влијание за поинакво одлучување, со оглед да одлуката за откажување на договорот за вработување е донесена поради кршење на работниот ред и дисциплина од страна на тужителот со непочитување на нормативните акти, одлуките на органите и телата на тужениот за вршење на работа од јавен интерес, а причините за откажување на договорот за вработување се основани во смисла на член 72 од Законот за работните односи.”