- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 279.33 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање октомври 26, 2016
- Последна промена ноември 6, 2024
Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.130/2015
„(...) при утврдена состојба дека отсуствува акт, односно програма на тужениот со која би се утврдило дека заради потребите на работењето има потреба од престанок на работа на одреден број работници и врз основа на која правилно ќе утврди на кој работник може да му биде откажан договорот од деловни причини, а имајќи го во предвид утврдениот факт дека работното место на тужителот не е укинато и сеуште постои во Правилникот за внатрешна организација и систематизација на работните места кај тужениот од 14.09.2009 година, по наоѓање на Врховниот суд на Република Македонија, правилен е заклучокот на пониските судови дека во случајов оспорените решенија за престанок на работниот однос на тужителот поради деловни причини се незаконити, бидејќи не се исполнети условите предвидени во одредбите од член 95 од ЗРО. Од друга страна, со оглед дека во оспорените одлуки воопшто нема образложени причини врз основа на што тужениот ја донел одлуката за откажување на договорот за вработување од деловни причини, по наоѓање овој суд, истите се спротивни и на одредбите од член 85 од Законот за работни односи, според кој одлуката за откажување на договорот за вработување, односно одлуката за изрекување на парична казна задолжително се дава во писмена форма, со образложение на основот и причината за откажување на договорот за вработување, односно причината за изрекување на паричната казна, со дадена правна поука.”