Пресуда на Врховниот суд на Република Северна Македонија Рев3.бр.153/2018

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 532.84 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање април 10, 2019
  • Последна промена ноември 6, 2024

Пресуда на Врховниот суд на Република Северна Македонија Рев3.бр.153/2018

„Судот при одлучувањето ги ценеше наводите во ревизијата дека тужениот неправилно постапил при спроведување на постапката за отказ на начин што не ги почитувал законските услови за лична достава на актите и за објава на огласна табла на донесената одлука, дека тужителот е одјавен по спогодба спротивно на одредбите од Законот за работни односи, но најде дека истите не се од влијание за поинакво одлучување.

Во конкретниот случај предмет на оцена по предметното тужбено барање е одлуката за престанок на работниот однос поради деловни причини од 21.01.2015 година, според утврденото произлегува дека тужениот правилно ја спровел постапката за престанок од деловни причини со која е укинато работното место на тужителот, односно тужениот донел Правилник за систематизација на работни места, како и Одлука со која го укинал работното место на кое бил распореден тужителот. Доставата по однос на оваа одлука била извршена на огласна табла од причина што тужениот не можел да оствари лична достава на пријавеното живеалиште на тужителот и покрај извршениот обид за лична достава, од причина што тужителот одбивал да ја прими поштата. Од тие причини управителот на тужениот на 27.01.2015 година донел одлука со која одлуката од 21.01.2015 година била објавена на огласна табла.

Околноста дека со образец М1 и М2 тужителот на 03.03.2015 година бил одјавен по основ на спогодбен престанок за работен однос од работно место советник менаџмент, не е од суштествено значење по предметното тужбено барање кое предмет на оцена е законитоста на одлуката за престанок од деловни причини, поради укинување на работното место оперативен директор на кое работел тужителот.

Неоснован е наводот во ревизијата дека второстепениот суд не ценел дека во времето на достава на одлуката, тужителот бил на боледување. Имено, второстепениот суд според утврденото имал во предвид дека тужителот бил на боледување од 14.01.2015 година до 12.02.2015 година, но правилно прифатил дека во случајот нема повреда на одредбите од член 75 од Законот за работните односи, со оглед да доставата е извршена со одлука од 27.01.2015 година на огласна табла, против која тужителот преку полномошник поднел приговор до тужениот како работодавач, што значи дека од таа дата се ценети роковите за заштита по повод престанокот на работен однос поради деловни причини и на тужителот не му е ускратено право на заштита и кај работодавецот и кај судот. Исто така фактот што тужителот бил на боледување во време на донесувањето на одлуката не од значение за законитоста на одлуката и поради тоа што при постапката за деловни промени е укинато работното место на кое работел тужителот. Бидејќи на тоа место работел само еден работник, тужителот, немало потреба и од било какви други дејствија, бодирање, прибирање документации и слично, а кои немало да бидат правилно спроведени поради отсуство на тужителот.”

Претходно Пресуда на Врховниот суд на Република Северна Македонија Рев3.бр.126/2018
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право